Дома Македонски спорт Милевски повика уште еден фудбалер: Исник Алими ново име во репрезентацијата

Милевски повика уште еден фудбалер: Исник Алими ново име во репрезентацијата

Исник Алими, фудбалер од средниот ред на романски Сепси е нов фудбалер во А репрезентацијата на Македонија.

Поранешниот фудбалер на италијанските Аталанта, Виченца, Шибеник од Хрватска и азербејџански Габала, денеска се става на располагање на нашиот најдобар национален тим. 

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Алими е стандарден фудбалер на романскиот Сепси и со одличните настапи за својот клуб се наметна како профил на играч кој може да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред од нашата репрезентација.
Во минатото, Алими настапуваше на официјални квалификациски турнири за младинските репрезентации на Македонија до 17 и 19 години. 

– Алими бележи одлични игри во романското првенство со Сепси. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет, изјави селекторот Благоја Милевски.

Исник Алими денеска во 18:30 часот ќе го има првиот тренинг со А репрезентацијата на Македонија, 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…