Дома Топ вести Милевски: Критиките повеќе не мотивираа, овие момците уште еднаш го покажаа потенцијалот

Милевски: Критиките повеќе не мотивираа, овие момците уште еднаш го покажаа потенцијалот

Македонија денес одигра одличен натпревар и на гостински терен ја победи Ерменија со 0:5.

Селекторот Благоја Милевски после натпреварот испрати честитки до фудбалерите.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Честитки до моите фудбалери. Уште еднаш покажаа дека имаат огромен потенцијал, не сме на крајот имаме уште еден натпревар од овој квалификациски циклус. Што ќе се случи после тој натпревар ќе видиме во недела. Никој освен ние самите не очекуваше да се вратиме вака после тешкиот пораз од Германија, меѓутоа овие момци покажаа зошто играа на Европско првенство, а некои и на две европски првенства“.

Стефан Ашковски денес го замени Стефан Ристовски на десната бековска позиција и се покажа како одлично решение.

„Ашковски е играч кој можеш да го користиш на позиции, тоа што го одигра денес на негова неприродна позиција е за сите пофалби, дури и малку подобро од тоа што го очекував.

„Секој си има право да даде свое мислење. Критиките мене и фудбалерите очигледно само не мотивираа. Имавме потешкотии, не само денес, туку сите собири…На еден фалеше Барди, друг Адеми, сега имавме повеќе отсустни. Сепак, сите оние кои беа во комбинација за денешниот натпревар покажаа дека може да се смета на нив“, изјави Милевски.

Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен против Исланд.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …