Дома Трансфер зона Милан ја сака младата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Милан ја сака младата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Минатото лето пристигна како талент во Борусија Дортмунд, а после една сезона се етаблираше како еден од најголемите таленти во светот.

Борусија Дортмунд летово го отупи неговиот договор од Манчестер Сити, а Џордан Санчо продолжи со одличните партии и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Иако има само 18 години Санчо е стандарден во првиот тим на „милионерите“ и веќе се етаблираше во еден од најголемите таленти во светот.

Оваа сезона на седум натпревари запиша седум асистенции и постигна еден гол, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најконкретен интерес во моментов покажува Милан. Санчо има договор со Борусија Дортмунд до 2022 година, но на крајот на сезоната би можел да го напушти клубот доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.

Останува да видиме дали „росонерите“ се спремни да ја платат оваа сума.

https://youtu.be/4eN2-dAyYAY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…