Дома Топ вести Милан ја плаќа откупната клаузула за ѕвездата на Бундеслигата

Милан ја плаќа откупната клаузула за ѕвездата на Бундеслигата

Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.

Во летниот преоден рок беше доведен Лука Јовиќ на позајмица, но не ги оправдува очекувањата, па „росонерите“ сакаат да доведат врвен напаѓач.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Прво име на списокот е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој во моментов е најдобар стрелец во Бундеслигата со 14 гола на 9 меча.

Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот договор има откупна клазула од 17.5 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати во јануари.

Самиот играч преферира трансфер на лето, а не на средина од сезоната, но Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…