Дома Фудбал Италија Милан ја менува формацијата поради Ибрахимовиќ, двајца првотимци одат на трансфер листа?

Милан ја менува формацијата поради Ибрахимовиќ, двајца првотимци одат на трансфер листа?

Познато е каков карактер е Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот е човек кој сака да биде главен во соблекувалната, тоа не му успеа во Барселона и од таму си замина после само една сезона.

После седум години минатата недела Ибрахимовиќ се врати во Милан и од клупата за резерви влезе во игра во натпреварот против Сампдорија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според информациите на „Кориере дело Спорт“ Ибрахимовиќ веќе започнал да покажува кој е главен во Милан, овој медиум тврди дека Ибра побарал промена на формацијата и свој партнер во нападот.

Милан до сега играше во формација 4-3-3, меѓутоа Пиоли сега одлучил да го израдува Ибрахимовиќ и да ја промени во 4-3-1-2. Покрај тоа Ибрахимовиќ сакал во нападот да игра со Рафаел Леао со кого помина половина час против Сампдорија, ова би значело дека Пјонтек и Сусо можат да завршат на клупата, па и на трансфер листата во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сопругат на Рафиња бесна удри по ФИФА: Дали е тој кошаркар?!

Во Доха вчера се одржа церемонија за доделување на наградите на ФИФА за најдобрите во 2025…