Дома Трансфер зона Милан ја купува ѕвездата на АЗ Алкмар

Милан ја купува ѕвездата на АЗ Алкмар

Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде да го засили средниот ред, а најново име на списокот е Тижани Реиндерс од АЗ Алкмар.

После продажбата на Тонали „росонерите“ се спремни да донесат 2-3 играчи за врска, а првиот кој ќе пристигне е Лофтус Чик од Челзи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Притоа, Милан започна преговори со Алкмар за младата ѕвезда Реиндерс, кој одигра одлична сезона.

24-годишниот играч за врска оваа сезона постигна 7 гола и 12 асистенции, па веќе доби повик и од холандската репрезентација.

Милан има договор со играчот и сега преговара со Алкмар, а трансферот би требало да изнесува околу 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…