Дома Фудбал Италија Милан финансиски стабилен, после долги години заврши во плус

Милан финансиски стабилен, после долги години заврши во плус

Италијанскиот гигант Милан после долги години ја заврши сезоната со финансиски плус.

Милан изминатите години го промени начинот на работа, ги избалансира трошоците за плати, а значително ги зголеми приходите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес на официјалното собрание на сопствениците клубот објави дека сезоната ја заврши со добивка од 6 милиони евра, што не се случило од 2007 година.

Тоа се должи на значително зголемување на приходите, најмногу од комерцијални спонзорства, но и од ТВ права како и од пласманот во Лигата на шампиони.

Ова е огромен успех за италијанскиот клуб, само за споредба, Јувентус ја заврши сезоната со минус од 125 милиони евра, а Интер со минус од 85 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на една ера, замина и Гундоган

Летото 2025 година е лето на заминување на легендите од „Етихад“. По Кевин де Брујне, Џек …