Милан и Порто се блиску до договор за трансфер на искусниот напаѓач Мехди Тереми, пренесува „Газета дело Спорт“.
Иранскиот напаѓач веќе неколку сезони блеска во дресот на Порто и минатата сезона постигна 31 гол, па го привлече вниманието на многу европски клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на 30-годишниот напаѓач, а преговорите со Порто се во напредна фаза.
Првата понуда на Милан од 15 милиони евра беше одбиена бидејќи Порто за слободата на Тареми бара 20 милиони евра, но „росонерите“ вклучија и бонуси, па сега двете страни се блиску до договор.
Пиоли бара напаѓач кој ќе биде алтернатива на Жиру и верува дека Тереми идеално ќе се вклопи бидејќи има исти карактеристики како Французинот.