Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Шалке и германски репрезентативец, Макс Маер.
Маер има договор со Шалке до крајот на сезоната и се уште не го продолжил договорот со гермнаскиот клуб, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Калчомеркато“ открива дека „росонерите“ се силно заинтерсирани да го донесат на „Сан Сиро“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
За 22-годишниот офанзивен играч за врска интерес покажуваат многу европски клубови, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата, бидејќи го следи играчот од минатото лето.
Маер се уште нема донесено одлука дали да го продолжи договорот со Шалке, или како слободен агент да го напушти германскиот клуб на крајот на сезоната.