Дома Топ вести Милан тргнува по ѕвездата на Тотенхем

Милан тргнува по ѕвездата на Тотенхем

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Тотенхем, Стивен Бергвајн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот репрезентативец може да игра како крилен, но и како централен напаѓач, па поради тоа „росонерите“ веруваат дека би бил идеално засилување.

24-годишниот Холанѓанец не е во плановите на Конте и добива мала минутажа оваа сезона, па и самиот сака да ја промени средината.

Бергвајн беше на излезна врата уште во зимскиот преоден рок, а медиумите тврдат дека на лето сигурно ќе си замине од Тотенхем.

Милан ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент, па сака на лето да го донесе на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Холанѓанецот  на позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…