Новиот директор на Милан, Леонардо е многу активен на трансфер пазарот и сака да комплетира неколку засилувања до крајот на трансфер пазарот.
Покрај преговорите со Јувентус за Калдара и Игуаин, „росонерите“ се во потрага по засилување за средниот ред, а една од најголемите желби е ѕвездата на Ред Бул Салзбург, Диаде Самасеко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 22-годишен играч за врска и репрезентативец на Мали, кој минатата сезона воодушеви со настапите за Салзбург во Европа Лигата.
Самасеко е на радарот на неколку европски гиганти, но Милан сака да ја победи конкренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.
Неговиот договор со Салзбург истекува во 2019 година, па австрискиот тим ќе мора да го продаде ова лето, а моментално играчот е проценет на 20 милиони евра.
Milan are accelerating for Diadie Samassekou. Talks have started between the club and the RB Salzburg midfielder’s entourage
[@mohamedbouhafsi] pic.twitter.com/2WC6mXyIus
— Milan Eye (@MilanEye) July 28, 2018