Милан покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баер Леверкузен и германската репрезентација, Јулијан Брант, пренесуваат италијанските медиуми.
Спортскиот директор на „росонерите“ викендов беше во Германија и во живо го гледаше крилниот напаѓач на Леверкузен, а медиумите тврдат дека Брант ќе биде примарна трансфер цел на Милан следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговата цена на трансфер пазарот изнесува 35 милиони евра, но миланскиот гигант е спремен да понуди 40 милиони за да ја победи конкуренцијата.
Милан соопшти дека нема намера да биде активен во зимскиот трансфер период, но веќе прави планови за летните трансфери.
Јулијан Брант има 21 години, но веќе ја игра 5-та сезона во Бундес лигата и за него сериозен интерес покажуваат уште Баерн Минхен и Ливерпул.