Милан вчера официјално го продолжи договорот со Џенаро Гатузо и веќе почна да прави планови за следната сезона.
Италијанските медиуми денес ги откриваат насоките кои Гатузо му ги дал раководството за засилувањата за следната сезона, а приоритет е врвен напаѓач кој ќе може да постигнува 20-25 гола по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето пристигнаа Силва и Калиниќ за 60 милиони евра, но не се покажаа доволно на „Сан Сиро“ и еден од нив сигурно ќе биде продаден на лето, а можно е и двајцата.
Прво име за нападот е Андреа Белоти, кој и минатото лето беше желба на „росонерите“, но Торино за неговата слобода бараше 100 милиони евра. Сега работите се променија после слабата сезона на „Петелот“ и Милан е спремен да седне на преговарачка маса и да понуди помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Белоти има голема желба да се пресели на „Сан Сиро“ и не крие дека е голем навивач на Милан, а негов идол е Андреј Шевченко.
На списокот на „росонерите“ се уште Карим Бензема и Алваро Мората, кои ова лето би можеле да ги променат клубовите, како и Един Џеко, кој долго време е желба на италијанскиот гигант.