Милан е силно заинтересиран за талентираниот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.
21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона игра на позајмица со Ремс и блеска во Лига 1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Балогун до сега на 28 настапи постигна 17 гола и 3 асистенции, па покажа дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.
Тој на лето ќе се врати во Арсенал и има договор до 2025 година со „топџиите“, но Милан сака да го доведе на „Сан Сиро“ и спрема понуда.
Самиот играч е заинтересиран за овој трансфер бидејќи смета на во Арсенал нема да има голема минутажа, но „топџиите“ за неговата слобода бараат 50 милиони евра.