Дома Фудбал Италија Милан се повеќе тоне – Рома лесно против „росонерите“ (видео)

Милан се повеќе тоне – Рома лесно против „росонерите“ (видео)

Нов тренер – стари резултати. Милан беше поразен од Рома на „Олимпико“ со 2:1.

„Росонерите“ добро го отворија мечот и во првите триесетина минути буквално беа тимот кој доминираше и создаваше шанси. Рома со десеткуваниот тим поведе од првата шанса. После еден корнер Џеко беше оставен само во петерецот и не му беше тешко да го совлада Донарума.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во второто полувреме Милан повторно тргна агресивно и стигна до израмнување во 55-та минута со голот на Тео Хернандез.

Неколку минути подоцна „росонерите“ и подарија топка на Рома во опасната зона, а Заниоло погоди за конечни 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…