Taлентираниот турски фудбалер, Арда Ѓулер минатото лето пристигна во Реал Мадрид со големи очекувања, меѓутоа уште на почетокот се соочи со проблеми со повреди.
„Кралевите“ сакаат да го испратат на позајмица каде што ќе собира искуство по што може да се врати во шпанскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силен интерес за Арда покажува Милан, кој сака да го доведе на „Сан Сиро“ по истата формула како Брахим Дијаз.
„Росонерите“ го сакаат турскиот „бисер“ на позајмица со право на откуп, но Реал да има бај-бек клаузула во договорот.
Реал е спремен да ја прифати таквата понуда поради доброто искуство кое го имаше со Брахим Дијаз и поради фактот што Арда не добива голема минутажа во Мадрид.