Николо Заниоло важи за еден од најголемите италијански таленти, а на лето би можел да ја напушти Рома.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за неговиот потпис, а сериозен интерес за него покажуваат уште Јувентус и Тотенхем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ подготвуваат понуда за 22-годишниот офанзивен играч кој има договор со Рома до 2024 година.
Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде на лето.
Според „Спортиталија“ Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и Заниоло ќе биде примарна трансфер цел на „росонерите“ на лето.
Рома сигурно нема лесно да се откаже од својот „бисер“, па за неговата слобода Милан ќе треба да понуди најмалку 40 милиони евра.