Дома Топ вести Милан преговара со напаѓачот на ПСЖ

Милан преговара со напаѓачот на ПСЖ

Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на ПСЖ и француски репрезентативец Хуго Екитике, пренесуваат италијанските медиуми.

ПСЖ минатото лето за 30 милиони евра го доведе Екитике од Ремс, бидејќи напаѓачот важи за еден од најголемите француски таленти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Екитике не може да се избори за голема минутажа во Париз, па е спремен да ја промени средината.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива за Жиру.

„Росонерите“ веќе започнале преговори со ПСЖ за едногодишна позајмица, но не со задолжителен откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…