Дома Трансфер зона Милан преговара со дефанзивецот на Тотенхем

Милан преговара со дефанзивецот на Тотенхем

Милан и Тотенхем се во напредни преговори со трансфер на дефанзивецот Танганга, пренесуваат италијанските медиуми.

23-годишниот дефанзивец сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Томори и веруваат дека Танганга би бил идеално решение.

Двата клуба се блиску до договор за едногодишна позајмица на Англичанецот со право на откуп следното лето.

Милан за позајмицата ќе плати 2 милиони евра, а на крајот на сезоната ќе има можност да го откупи за 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…