Дома Трансфер зона Милан преговара со големиот француски талент

Милан преговара со големиот француски талент

Милан покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Сент Етјен, Весли Фофана, пренесуваат француските медиуми.

19-годишниот Фофана одигра одлична сезона и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со агентите на младиот дефанзивец.

Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, но се претпоставува дека со преговори двата клуба ќе можат да го договорат трансферот за 20 милиони плус бонуси.

Фофана е трансфер цел на неколку клубови од Премиер лигата, пред се на Арсенал, но „росонерите“ се во пол-позиција во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…