Милан одлично ја почна новата година и почна да се искачува на табелата, но сепак е далеку од Топ 4, па „росонерите“ сакаат додатно да го засилат тимот.
Со доаѓањето на Ибрахимовиќ пристигна и позитивен импулс во клубот, се врати ентузијазмот, па дојдоа и добрите резултати, но Милан сака додатно да го засилат тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството е во потрага по кбвалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека започнати се преговори со Бефика за трансфер на Луис Фернандо.
20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа и веќе е незаменлив дел од лисабонскиот тим, а има откупна клаузула од 120 милиони евра.
Јасно е дека Милан нема намера да ја плати клаузулата, но Бенфика за својот „бисер“ бара 50 милиони евра. Двата клуба се во напредни преговори, а „росонерите“ сакаат да го донесат играчот на 18-месечна позајмица со можност за откуп од 50 милиони евра.