Дома Трансфер зона Милан понуди 50 милиони за Биглиа и Кеита – Лацио прифати!

Милан понуди 50 милиони за Биглиа и Кеита – Лацио прифати!

Милан веќе ги промовираше Матео Мусакиоѕ и Франк Кесие, денес официјално ќе биде промовиран и Рикардо Ридригез, а следната недела кога ќе заврши со репрезентативните обврски договор со Милан ќе потпише и Лукас Биглиа.

За овие четири засилувања Милан веќе потроши 85 милиони евра, но „росонерите“ не мислат да застанат и брзаат да го комплетираат тимот бидејќи најрано ја отвараат сезона од италијанските клубови.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес соопштуваат дека Милан покрај Биглиа со Лацио го договорил и трансферот на крилниот напаѓач, Кеита Балде. Имено, „росонерите“ за двајцата фудбалери понудиле 50 милиони евра, а Лацио ја прифатил понудата.

Биглиа во следните денови ќе пристигне на лекарски прегледи, а Кеита прво ќе треба да постигне договор со „росонерите“. Тоа нема да биде лесно бидејќи за играчот силен интерес покажува и Јувентус, кој пак не е спремен да ја плати сумата која ја бара Лацио.

Денес директорите на Милан ќе имаат средба со неговиот агент, па доколку постигант договор Кеита во пакет со Биглиа ќе пристигне на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…