Денес во терминот од 12:30 својот натпревар од шестото коло го одиграа екипите на Сампдорија и Милан, а победа запишаа домаќините.
Сампдорија пред ова коло заедно со водечката тројка во Серија, Јувентус, Наполи и Интер, сеуште ја немаше претрпено го горчината на поразот во новата сезона, а така остана и после нивниот прв голем тест.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан не се покажа најдобро во овој натпревар, а за тоа колку „росонерите“ разочараа во овој натпревар говори и податокот дека во текот на целите 90 минути гостите не успеаа да упатат ниту еден удар во рамките од голот кој го бранеше Пугиони.
Ниту Сампдорија не покажа кој знае што во овој натпревар, но сепак успеа да стигне до победата. И двата погодоци беа постигнати во вториот дел. Првиот беше дело на Дуван Запата во 72 минута кој успеа да ја искорисит грешката во одбраната на „росонерите“. За победа од 2:0 се погрижи, Рикардо Алварез во судиското продолжение од натпреварот.