Дома Трансфер зона Милан нуди 30 милиони за откуп на Ребиќ

Милан нуди 30 милиони за откуп на Ребиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан донел одлука да го откупи Анте Ребиќ на крајот на сезоната.

Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Двата трансфери се разделени, па Милан ќе има шанса да го откупи Ребиќ, без разлика на трансферот на Португалецот.

Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“, па клубот започнал преговори со Ајнтрахт, открива „Газета дело Спорт“.

За перменентниот трансфер на Хрватот, Милан е спремен да плати 30 милиони евра, сума која најверојатно ќе ги задоволи апетитите на германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…