Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за игачот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.
Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па одби продолжување на договорот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Интерес за Бразилецот летово покажуваа Ливерпул и Арсенал, но Астон Вила ги одби сите понуди, па играчот на лето ќе биде слободен агент.
Агентите на Бразилецот имаа средба со Малдини и наводно веќе почнале преговорите.
„Росонерите“ сакаат да го донесат играчот без обештетување на лето и уште во јануари да потпишат преддоговор.