Дома Останати Тенис Титулата во Романија донесе голем скок за Ѓорческа на ВТА листата!

Титулата во Романија донесе голем скок за Ѓорческа на ВТА листата!

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, ја продолжува успешната низа – викендов во Романија стигна до својот 15. трофеј во кариерата, а со тоа се искачи високо и на ВТА листата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нашата најдобра тенисерка забележа скок од дури 43 места и сега се наоѓа на 239. позиција во светот. Годината ја почна како 286-та, а најдобриот ранкинг досега ѝ е 170. место, освоено во 2017 година.

На врвот на женскиот тенис засега нема промени – лидерка е Белоруската Арина Сабаленка, а во елитното друштво се и Ига Швјонтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Мира Андреева, Медисон Кис, Џесика Пегула, Јасмин Паолини, Кинвен Женг и Елена Рибакина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Дали крајот е блиску? На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило девет години!

Новак Ѓоковиќ не доживеал ваков голем пораз на Ролан Гарос цели девет години. Српскиот тен…