Дома Останати Кошарка Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните

Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните

Кошаркарските легенди Кармело Ентони и Двајт Хауард официјално беа уфрлени во Куќата на славните на церемонија во Спрингфилд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај индивидуалните признанија, двајцата се овековечени и како дел од познатата американска репрезентација од Олимписките игри 2008 во Пекинг – “Redeem Team”, која ја врати САД на врвот по бронзата од Атина 2004.

На листата на добитници оваа година се и иконите од WNBA Маја Мур, Силвија Формс и Сју Берд, долгогодишниот НБА судија Дени Крофорд, тренерот на Чикаго Булс Били Донован и сопственикот на Мајами Хит Мики Арисон.

На церемонијата присуствуваше и Леброн Џејмс, член на “Redeem Team” и шампионскиот Мајами Хит.

Хауард емотивно им заблагодари на своите родители, додека Џејсон Кид евоцираше спомени за легендарните дуели меѓу Коби Брајант и Џејмс на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…