Милан минатото лето имаше неколку неуспешни обиди да го ангажира Андреа Белоти од Торино, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се уште не се откажале од италијанскиот напаѓач.
На „Сан Сиро“ минатото лето пристигнаа Андре Силва за 40 милиони евра и Никола Калиниќ за 24 милиони, но ни едниот, ни другиот не ги оправдаа очекувањата, па јасно е дека на крајот на сезоната ќе има промени во нападот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Калчомеркато“ тврди дека главна трансфер цел на Милан за следната сезона останува Андреа Белоти и дека наскоро „росонерите“ ќе ги обноват преговорите со Торино.
Напаѓачот сака да го облече „црвено –црниот“ дрес бидејќи е голем навивач на Милан, па е спремен да ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.
Наводно Милан е спремен да понуди 70 милиони евра за неговиот потпис, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Торино, со оглед на слабата сезона на Белоти.