Дома Трансфер зона Милан не се откажува од Обамејанг!

Милан не се откажува од Обамејанг!

Милан веќе донесе седум нови засилувања ова лето, но јасно е дека новото раководство нема да застене тука и сака додатно да го засили тимот.

Имено, „росонерите“ се во потрага по врвен напаѓач, со оглед на фактот што Лападула и Карлос Бака се на излезна врата, па бараат партнер на Андре Силва.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на раководството е Пјер Емерик Обамејанг, кој има „безобразна“ понуда вредна 30 милиони евра по сезона од Тијанжин.

Меѓутоа, трансфер пазарот во Кина се затвара утре на пладна, па „росонерите“ чекаат расплет на ситуацијата, а последните информации говорат дека напаѓачот ја одбил понудата и сака да остане во Европа.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ќе започне преговори со Борусија Дортмунд на 18-ти јуни, кога двата тима ќе играат пријателски меч во Кина и е спремен да понуди помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Притоа, „росонерите“ се спремни да му понудат на Обамејанг плата од 8 милиони евра по сезона и да го направат најплатен играч во Серија А.

Останува да видиме како ќе се развива целата ситуација, а доколку не успее да го реализира овој трансфер, Милан ќе се сврти кон Калиниќ од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал почна преговори со ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид веќе почнал преговори со десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, прен…