Дома Фудбал Италија Милан не отпатува во Сардинија, можно е одложување на мечот со Каљари

Милан не отпатува во Сардинија, можно е одложување на мечот со Каљари

Тимот на Милан денес не отпатува во Сардинија, каде утре треба да го одигра мечот со Каљари од Серија А.

Патувањето е откажано, откако двајца фудбалери на „росонерите“ беа позитивни на последниот тест на Ковид 19.

Тео Хернандес и Хакан Чалханоглу се позитивни и се веќе во изолација, но според протоколот целиот тим утре треба да прави нов тест.

Доколку и други фудбалер утре дадат позитивен тест, натпреварот може да биде одложен.

За потсетување од претходно позитивни на Ковид во тимот се Раде Круниќ и Анте Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…