Дома Трансфер зона Милан не „кренал“ раце – Андре Силва би можел и да се врати на „Сан Сиро“?

Милан не „кренал“ раце – Андре Силва би можел и да се врати на „Сан Сиро“?

Португалецот имаше очајна сезона на „Сан Сиро“, но после доаѓањето во Севиља блесна во најдобро светло.

Пристигна Андре Силва во 2017 година во редовите на Милан како големо засилување од Порто. Младиот Португалец беше платен 38 милиони евра, требаше да биде предводник на новиот Милан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, работите не се одвиваа онака како што очекуваше имаше тежок почеток и одигра лоша сезона во таборот на „росонерите“. Патрик Кутроне кој е продукт на младинската школа на Милан се покажа многу подобро.

Ова лето одлучено беше да биде испратен на позајмица во Севиља за сума од три милиони евра, а шпанскиот клуб ќе има можност наредното лето да го откупи неговиот договор за дополнителни 35 милиони евра.

Поранешниот напаѓач на Порто блесна на „Писхуан“, го сруши Реал со двагола, а вкупно овааа сезона постигна девет (во клубот и репрезентацијата).

Како што пренесува „Калчомеркато“ за Милан во случајот со овој фудбалер постоја три опвии.

Првата е Севиља да ја искористи клазулата и да го откупи неговиот договор во наредното лето. Сепак, Андалузијците наводно таа сума имале намера да ја исплатат на ради по осум милиони евра, до 2023 година. Таа опција на „росонерите„ секако нема да им се допадне, па би можеле да го вратат Силва и тој да добие нова шанса во Милан.

Третата опција е Силва да се врати во клубот, а потоа Милан да го продаде на некоја страна. Според пишувањата на медиумите „росонерите“ сега Силва го проценуваат на околу 60 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=lkmOrkYojT0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…