Дома Фудбал Италија Милан не запира: Новo засилувањe на Сан Сиро

Милан не запира: Новo засилувањe на Сан Сиро

Како што претходно објавија европските медиуми, Самуел Чуквуезе е новиот фудбалер на Милан.

Нигерискиот фудбалер Самуел Чуквуезе е нов играч на Милан, потврди трансфер гуруто Фабрицио Романо.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Милан ќе му плати на Виљареал 20 милиони евра како обештетување, а тоа може да се зголеми на 28 милиони евра преку разни бонуси.

Нигериецот ќе потпише договор со италијанскиот гигант на пет години, односно до летото 2028 година.

Нигериецот целата своја кариера ја помина во Шпанија. Така, во првите две сезони како професионален играч, Чуквуезe одигра 20 натпревари за вториот тим на „Жолтата подморница“, за кои постигна 4 гола и даде 2 асистенции, а подоцна собра 207 натпревари за првиот тим на Виљареал, постигнувајќи 21 гол и забележа 31 асистенција.

Чуквуезе минатата сезона одигра 50 натпревари за Виљареал во сите натпреварувања и постигна 13 гола и даде 12 асистенции за клубот.

За репрезентацијата на Нигерија, во која дебитираше на 20 ноември 2018 година, Чуквуезе настапи на 28 натпревари и постигна 4 гола.

Самуел Чуквуезе нормално може да игра на двете страни од нападот, но и како централен напаѓач, а со тоа тимот на Милан ќе добие вистински универзалец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на ЕП откако ја совлада Австрија с…