Дома Трансфер зона Милан на лето ја доведува незадоволната ѕвезда на Реал – позната и цената!

Милан на лето ја доведува незадоволната ѕвезда на Реал – позната и цената!

Реал Мадрид минатото лето ја „победи“ Барселона во борбата за талентираниот шпански играч, Дани Себаљос кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Бетис.

Себаљос минатото лето на Европското првенство за млади ја воодушеви Европа, а само неколку дена по тоа потпиша за Реал Мадрид. Овој играч од средниот ред на масата имаше понуда и од Барселона, но во последен момент го избра „Кралскиот“ клуб. Само неколку месеци подоцна, Себаљос сфати дека направил грешка, бидејќи беше јасно дека нема место во екипата на Зидан. Тој јасно стави до знаење дека ова лето ќе го напушти клубот, а најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Милан.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Росонерите“ ги контактирале „Кралевите“ во врска со Себаљос и добиле јасен одговор од Перез. Наводно, претседателот на Реал јасно кажал дека ќе го испрати Себаљос на позајмица, но со задолжителен откуп на неговиот договор на крајот од сезоната. Доколку управата на Милан се согласи на овие услови, летото 2019. година ќе мора да им плати 40 милиони евра на „Кралевите“ за Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…