Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос.
Себаљос минатото лето пристигна како големо засиливање од Бетис, откако беше прва ѕвезда на Европското првенство за играчи до 21 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Шпанецот оваа сезона добива многу мала минутажа кај Зинедин Зидан и не е задоволен од својот статус.
На последниот натпревар против Леганес, Зизу го стави во игра Себаљос во последната минута, нешто што медиумите го протолкуваа како понижување.
Реал Мадрид ги одби сите понуди за играчот во зимскиот преоден рок, но јасно е дека Себаљос ќе инсистира на лето да ја промени средината.
Италијанските медиуми тврдат дека најсилен интерес за плејмејкерот покажуваат Милан и Јувентус кои се спремни да платат 30 милиони евра за неговиот потпис.