Дома Трансфер зона Милан и Рома спремаат голема трампа

Милан и Рома спремаат голема трампа

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Рома и Милан спремаат голема трампа според која Сусо ќе заврши на „Олимпико“,  а во Милано ќе се пресели Џенгиз Ундер.

Сусо оваа сезона игра во слаба форма и Милан е спремен да го продаде, а Рома уште во летниот преоден рок беше заинтересирана за Шпанецот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поради тоа „волчицата“ е спремна во Милано да го испрати Џенгиз Ундер, а за возврат да го добие потписот на Сусо.

Милан е во потрага по крилен напаѓач и Ундер би бил одлична опција, па поради тоа оваа опција им одговара на двата клуба, а агентите веќе работат на размената.

Во моментов трампата ја кочи директорот на Милан, Паоло Малдини кој преферира да го донесе Матео Политано од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…