Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума најверојатно ова лето ќе го напушти „Сан Сиро“, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е ПСЖ.
Донарума уште минатото лето ги наруши односите со навивачите на Милан, кои на последниот натпревар против Аталанта одбија да го земат неговиот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ се спремни да го продадат 19-годишниот голман, но само доколку пристигне понуда понеѓу 60 и 70 милиони евра.
ПСЖ е силно заинтересиран за Донарума и веќе започна преговори со неговиот агент Мино Раиола, а Милан ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на Кавани.
Миланскиот гигант е во потрага по врвен голгетер, бидејќи Калиниќ и Андре Силва се покажаа како големи промашувања.
Од друга страна Кавани падна во сенка на Нејмар во ПСЖ и е спремен да се врати во Италија.
Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале преговори и дека постојат изгледни шанси да се реализира трампата ова лето.