Еминентниот француски весник „Екип“ пренесува дека миланските гигати, Милан и Интер се заинтересирани за играчот на Пари Сент Жермен, Хавиер Пасторе.
Миланските гиганти добија кинески сопственици и ова лето се спремни да потрошат значителна сума за засилување на тимовите, па со голем интерес гледаат кон ѕвездите на ПСЖ.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Имено, спортскиот директор на „светците“ вчера беше во Милано и одржа состанок со раководставата на Милан и Интер.
Двата клуба покажуваат интерес пон 27-годишниот Аргентинец кој е спремен да ја промени средината и да се врати во Италија каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Покрај Пасторе, Милан е заинтересиран уште и за играчот за врска Криховјак, додека Интер покажува интерес за Лукас Моура.
Паторе минатата сезона забележа само 15 настапи кај Унаи Емери и сака да го напушти Париз ова лето, па миланските клубови се спремни да ја искористат таквата ситуација.