Миланските гиганти Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.




Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона и веќе има постигнато 10 гола и 4 асистенции, иако е играч за врска.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето.




Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакаат да ја победат конкуренцијата и да го донесат во своите редови.