Дома Топ вести Милан и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Лил

Милан и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Лил

Италијанските гиганти Милан и Интер водат битка за потписот на ѕвездата на Лил, Џонатан Иконе.

Станува збор за 22-годишен крилен напаѓач кој оваа одигра 26 натпревари во Лига 1 на кои постигна четри погодоци и запиша 7 асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иконе е спремен на лето да ја промени средината, а миланските гиганти веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која италијанските клубови ќе се обидат да ја намалат преку преговори и да вклучат бонуси.

Интерес за Иконе покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но тој преферира преселба во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…