Милан веќе подолго време е заинтересиран за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај и сака летово конечно да го комплетира трансферот.
Ѕвездата на Лион сака да ја промени средината, а Милан е дестинација која му се допаѓа, па „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Холанѓанецот игра во одлична форма, па го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Меѓутоа, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.
Депај влегува во последната година од договорот, па поради тоа Лион ќе биде приморан да го продаде ова лето, а „росонерите“ веќе испратиле понуда до францускиот клуб.
Милан за потписот на Депај понудил 20 милиони евра плус процент од следната продажба, па сега се чека одговор од Лион.