Милан покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Сент Етјен, Весли Фофана, пренесуваат француските медиуми.
19-годишниот Фофана одигра одлична сезона и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе испратил првична понуда до Сент Етјен од 14 милиони евра.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 20 милиони евра, но се претпоставува дека со преговори двата клуба ќе ја „испеглаат“ разликата.
Фофана е трансфер цел на неколку клубови од Премиер лигата, пред се на Арсенал, но „росонерите“ се во пол-позиција во моментов.