Аталанта се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако во четвртфиналниот натпревар на Сан Сиро го совлада Милан со 2:1.
Јунак на натпреварот беше холандскиот двоен стрелец Купмајнерс. Милан поведе во 45. минута со голот на Рафаел Леао на асистенција на Тео Ернандез.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Но, само две минути подоцна, Купмајнерс постигна гол за 1:1. Во 59. минута гостите добија пенал. Алехандро Хименез го собори Алексеј Миранчук, а судијата Марко Ди Бело покажа на белата точка.
Купмајнерс сигурно погоди за 2:1. Тој пенал ги налути Росонерите, но стана и предмет на потсмев.
Видеото погледнете го ТУКА
Имено, спорен е контактот на Хименез и Миранчук. Стартот на Хименез не изгледа како фаул поради кој Милан мораше да биде исфрлен од натпреварувањето.
Видеото на големо се споделува на социјалните мрежи, а го коментираше и најдобриот играч на Милан Рафаел Леао кој напиша „неверојатно“. Аталанта во полуфиналето на Купот ќе игра против Фиорентина.
Incredibile… https://t.co/BpJI5RXeyU
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) January 10, 2024