Дома Трансфер зона Милан започна преговори со ѕвездата на ПСВ

Милан започна преговори со ѕвездата на ПСВ

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Милан во следниот преоден рок ќе биде талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален.

Овој 20 годишен напаѓач на ПСВ, кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 20 и 30.

„Росонерите“ сметаат дека Холанѓанецот ќе биде одлична алтернатива за Ибрахимовиќ. Мален блеска оваа сезона и веќе има постигнато 20 гола и 7 асистенции на 34 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…