Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде шпанскиот плејмејкер, Цеск Фабрегас и дека „росонерите“ веќе започнале преговори со играчот.
Имено, новиот спортски директор на Милан, Мирабели минатата недела бил во Лондон и имал состанок со агентите на Фабрегас, кој оваа сезона е во немилост на Конте и не добива голема минутажа во Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кинеските сопственици сакаат да донесат големи засилувања на „Сан Сиро“, а Фабрегас е првата желба, особено после повредата на Рикардо Монтоливо.
Милан и Челзи лесно ќе најдат заеднички јазик околу трансферот кој би требало да изнесува околу 25-30 милиони евра, па сега останува уште играчот да ги договори личните услови со „росонерите“.