Дома Фудбал Италија Милан жестоко го казни Кеси, а сега следи и казна од Гатузо

Милан жестоко го казни Кеси, а сега следи и казна од Гатузо

Франк Кеси и Лукас Биља направија „скандал“ на клупата за време на миланското дерби со Интер, па клубот реши да ги казни и двајвата.

Секако, поголем виновник беше Франк Кеси кој тргна пред камерите физички да се пресметува со Биља, па неговата казна ќе биде поголема.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покај фактот што фудбалерите јавно се извинија после мечот, сепак раководството на миланскиот гигант реши да ги казни поради недисциплина.

22 годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска утрово заедно со својот агент беше на разговор со раководството и беше казнет со 40.000 евра кои ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

Сепак, Кеси ќе биде казнет и од страна на тренерот Гатузо, кој јавно го искажа разочарувањето од неговото однесување.

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот за врска ќе биде преместен на клупата за резерви на следниот меч против Сампдорија кој на програмата е во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…