Aндалузијците би можеле да ја искористат приликата.
Тимот на Милан се ноаѓа во жестока борба за Лигата на шампионите и од оваа трка сигурно ќе зависат многу работи во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа е така поради финансиската добивка која со себе ја носи најелитното европско натпреварување, но и поради големата желба на фудбалерите да бидат дел од ова натпреварување.
Долго време се шпекулираше за враќање на Жерар Делофеу во редовите на Милан, а според информациите на „Калчомеркато“ фудбалерот нема ништо против таа идеја која „росонерите“ би ги чинела помеѓу 30 и 35 милиони евра.
Во исто време се зборува и за Адриен Силва, Португалецот е позајмен во Севиља која е заинтересирана да го откупи, но не по цена од 43 милиони евра колку што изнесува клазулата во договорот.
Наводно во Севиља се надеваат дека Милан ќе попушти ако дојде до потписот на Делофеу дури и во случај тимот на Џенаро Гатузо да не се квалификува во Лигата на шампионите наредната сезона.
Кога е табелата во прашање Милан во овој момент се наоѓа на третата позиција со 51 освоен бод. Зад него следуваат Интер со еден бод помалку, Рома со 47 и Торино со 44 освоени бодови. Ако Милан продолжи со добрите настапи и втората позиција во Серија А не изгледа така недостижно биејќи бодовната разлика помеѓу нив и Наполи е шест бода.