Италијанскиот гигант Милан лошо ја отвори сезоната и после седум кола беше принуден да го промени тренерот.
За нов кормилар беше назначен Стефано Пиоли, но раководството знае дека треба додатно да го засили тимот во јануари.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Приоритет ќе биде доведување на креативен играч за врска, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ ќе тргнат по играчот на Барселона, Рафиња Алкантара.
26-годишниот плејмејкер се врати од повредата, но не може да се избори за голема минутажа, па е спремен да ја промени средината во јануари.
Притоа, Рафиња веќе има искуство во Серија А бидејќи играше како позајмен фудбалер во Интер и би сакал да се врати во Милано.
„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Рафиња во јануари на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.