Играчот за врска на Барселона, Рафиња Алкантара би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рафиња оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Селта и на лето ќе се врати на „Камп Ноу“, но јасно е дека за него нема место во Барселона.
Неговиот договор истекува за една година, па Барселона од неговата продажба сака да заработи 15 милиони евра.
Најсилен интерес за Рафиња покажува Арсенал, тренерот Артета бара засилувања за средниот ред и верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговата филозофија.
Арсенал ќе треба да ја победи конкуренцијата од неколку италијански клубови, но медиумите тврдат дека „топџиите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.