Само неколку дена откако им пропадна трансферот на Давид Силва, Лацио е на чекор од големо засилување.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека плејмејкерот на Барселона, Рафиња Алкантара е на чекор од трансфер на „Олимпико“ за 12 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
27-годишниот Рафиња Алкантара последната сезона ја помина на позајмица во Селта и имаше одлични партии.
Рафиња веќе има искуство во Серија А каде го носеше дресот на Интер и сака да се врати во Италија, па брзо ги договорил личните услови со Лацио.
Клубот од Рим следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони, па Рафиња сигурно ќе биде големо засилување.