Дома Топ вести Милан го продава Ребиќ и веќе му најде замена

Милан го продава Ребиќ и веќе му најде замена

Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Ајнтрахт и француски репрезентативец, Коло Муани.

Милан го следеше Муани уште минатото лето како играч на Нант, но тогаш Французинот се пресели во Ајнтрахт Франкфурт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна 15 гола и забележа 14 асистенции, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.

Милан има план да го доведе на лето бидејќи Муани може да игра на сите позиции во нападот, а „росонерите“ се спремни да го продадат Ребиќ за да финансираат дел од трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…